Сите веќе добро знаеме дека Јелена Карлеуша, редовно комуницира со своите фанови преку друштвените мрежи. Овој пат подготвила подарок за некои од нив. За што се работи?
Јелена направила мала наградна игра за сите свои фанови кои, како што, напишала таа во просек ги има по 5 нови „Твитер“ обожаватели на секоја минута и сите 10.000, 100.000 и 300.000 фанови ја следат наградната игра која сеуште е во фаза на подготовка.
Еден од предлозите го дала „дивата“:
„Можеби тие три среќни добитници кои ќе бидат први кои ќе ја чујат новата песна? Нееее....тоа го добивате сите, и тоа бесплатно! Јас не ви ја наплаќам љубовта!“ напишала Јелена на „Твитер“ и додала дека поради зголемениот прилив на фанови, сите како подарок ќе ја чујат нејзината нова песна „Секс после раскинување“, со самото тоа ќе ја чуете и вие, без разлика дали сте или не сте нејзини обожаватели...
За повеќе содржини од денеска -
ТУКА Текстот не е лекториран