Еве, речиси дојде полноќ и веќе половина час се мислам од каде да почнам и како да навлезам во темата што ги преокупира умовите на жените, а е многу корисна за мажите. Можеби ќе биде во нивна корист и ќе потрошат барем една минута од своето СКАПОЦЕНО време да ги преиспитаат своите минати, сегашни и идни постапки, па и начин на размислување. Можам да замислам што сè ви се врти во глава... Но, не, за разлика од некои луѓе, НЕ сум сексист, туку само ја искажувам мојата гледна точка и искуството низ кое сум поминала.
Сум живеела во странство прилично долго време, сум запознавала луѓе од цел свет, секакви раси, религии, но некако Македончето си е уникатно. Точно, живееме во Македонија, на прагот на 2011 година сме, а некако заробени во шеесеттите години на минатиот век! Мажите го изгубиле чувството за флерт, а девојките го чекаат тоа од нив! Барем таков е менталитетот со кој се соочувам речиси секој ден. Не е сè така црно, но не е и сè така розово!
Релацијата маж-жена-секс е како лавиринт и има многу да се зборува и да се коментира, но ќе почнам од почеток! ФЛЕРТ! Сè почнува со флертот! Дали е тоа само почеток на страсен бакнеж, секс за една вечер или врска, сè зависи од начинот на кој флертувате. Преку флертот, сакале или не, откривате дел од тоа каква личност сте, а за повеќето од жените тоа е и клучен момент кога спротивниот пол го формира мислењето за вас како маж! Знаете што велат, првиот впечаток кажува МНОГОО!
Повеќето од мажите како да заборавиле што е флерт, а оние малкумината се во фаза на изумирање! Во 2009 година, се враќам во Македонија по толку време, излегувам во дискотека за првпат и што да видам… Машките на една страна, женските на друга и никаков контакт меѓу нив! Комуникацијата сведена на нула! Помеѓу двете групи, ваму-таму, можеше да се забележи некој „хибрид“ што ја кршеше монотонијата со по некој бакнеж и мрдање на колковите! Поминаа две години и, да бидам искрена, речиси ништо не е сменето! Флерт уште не постои помеѓу понежниот и посилниот пол! Седумдесет проценти од мажите не знаат да флертуваат! Не знам дали се плашат да не бидат одбиени, немаат храброст да го направат чекорот или само се мрзеливи! Можеби, пак, суетата им е преголема или треба доволно да се „начукаат“ за да отворат! Е, откако алкохолот ќе почне да дејствува и ќе реши да ти прозбори настанува ХАОС – глупост до глупост! Дваесет проценти само стојат настрана и гледаат како да се паднати од Марс, а останатите – оние што имаат „jajца“ да пријдат на девојка, како што вели
Небојша Антиќ, го „фураат филмот“ во стил на: „Девојко, тебе ти треба енергија, брзо возење во моето БМВ и 20 сантиметри свежо месо“... WTF?!
Како и да е, можеби се ретки, но сум имала чест да запознам и такви кои знаат да ти го привлечат вниманието како со флерт, така со памет и со изглед! Ако имаш мозок ќе ги вметнеш и парите некаде меѓу трите, ама направи го тоа дискретно, со шмек! Па, дури и да е „gold digger“! Taa ќе те почитува повеќе, а ти можеби и ќе си одиш со полни раце!
Совет: Опуштете се и флертувајте! На улица, во продавница, во дискотека... Флертот го зголемува нивото на самодоверба!
P.S. Девојки, не чекајте сè од посилниот пол!
Оставете мислење и споделете го вашето последно флерт-искуство со нас! Многоо интересно!
КОЛУМНА