Дали мислите дека научничката која се занимава со прашањето како одлагање на уринирањето влијае на концентрацијата на работа заслужува признание за достигнување во науката? Едно признание сигурно заслужила: „Иг Нобел“. Овие контроверзни награди се „Нобелови на духовит начин“. Иако служат да насмеат и да ја популаризираат науката, често се оспорувани или критикувани. Ги доделува едно американското списание и тоа во категориите: медицина, биологија, математика, филозофија, физика, мир итн. Префиксот „Иг“ доаѓа од англискиот збор „игнобл“ што значи недостојно, поинакво.
Не знаеме како воопшто живеевме без ова: заштитни маски направени од градник.
Ако се прашувате кои се луѓето и откритијата достојни за ова признание, еве неколку од нив: Иг Нобелова награда за психологија доби универзитетски професор од Осло, кој правел истражување зошто луѓето воздивнуваат секојдневно. Наградата од областа на биологијата ја добиле научници кои откриле дека еден вид мува може да живее во пивски шишиња со посебен облик, што постојат само во Австралија. Иг нобеловците по математика се обидувале да го одредат датумот на крајот на светот, па така, според еден од тие нобеловци, требаше да исчезнеме на 21 октомври оваа година. Добро е што погрешил, можеби ќе ја врати наградата.
Нобеловата награда по физика ја добија група научници кои настојувале да објаснат зошто учесникот во олимписката дисциплина фрлање диск чувствува вртоглавица, а во фрлањето ѓуле не. Чудно, зар не? Иг Нобелова награда добил и „таткото на атомската бомба“, Роберт Метју, во 1991 година. Во образложението тој објаснил дека со својата работа настојувал да го промени значењето на поимот „мир“. На прашањето: „Дали се ова награди со кои се популаризира науката или со нив се исмејуваат ирелевантни или крајно необични научни напори“, има и такви кои сметаат дека овој вид награди сепак се добри за промоција на науката. Интересно е тоа што на годинешното доделување на овие награди во Стокхолм, наградите ги врачувале некои вистински нобеловци.
Овие награди се вистинска дилема: Дали овие научници се исмеани или на еден духовит начин се помага на науката и на нејзината „чудна“ страна. Некои откритија и изуми можеби имаат своја промена. Всушност, меѓу годинешните добитници е и градоначалникот на Вилнус, главниот град на Литванија, кој покажал како треба да се реши проблемот со непрописното паркирање. Тој извлекол тенк на улица и ги прегазувал непрописно паркираните возила. Зарем генијалноста не е во едноставноста?
За повеќе содржини од денеска >
ТУКА.