Прочитано 1130 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Интервју: Запознајте ја Мика Рагуа „Сани Фрајдеј“

Мика Рагуа е една млада дама, енергична и полна со позитивна енергија. Уште првиот ден кога пристигна на „Биг Ап фестивал“ ни остави посебен впечаток затоа што беше прво единствената дама (од гостите на фестивалот) а како второ, иако не настапуваше секогаш беше наоколу на плажата или да танцува, да ги охрабрува нејзините колеги или да разговара со посетителите.
 
А како трето и најверојатно и најважно, Мика ни остави голем впечаток особено кога станува збор за изборот на музиката. Впрочем тоа што таа го работи точно го опишува и нејзиниот карактер а тоа е веселите карипски звуци. Направивме кратко интервју преку кое ќе можете подобро да ја запознаете а на крајот редно и да ја чуете како звучи на сцена. Ова е Мика Рагуа или селектрес „Сани Фрајдеј“ - посетете го нејзиниот веб портал - тука,  каде што можете бесплатно да ги симнете нејзините миксови.
 
1. Кога започна да се занимаваш со музика, и како дојде до тоа Мика Рагуа да стане Ди-Џеј Сани Фрајдеј?
Па всушност започнав пред три години, заедно со моето момче, сега веќе „екс“ . Заедно го започнавме дуото „Сани Фрајдеј“ во северниот дел на Германија. А пред да почнам со јавни настапи слушав карипска музика и секако учев како да пуштам музика. Тоа е нешто што ме инспирираше да почнам да работам како Ди-Џеј. Знаеш, јас иако живеам во Германија, јас всушност сум од родена во Полска. Со моето семејство заминав за јужниот дел на Германија каде се школував и живеев извесен период. Па потоа се преселив во северниот дел на Германија и честопати со друштво одевме по различни реге журки, но токму во овој дел од земјата, музиката не беше доволно актуелна и интересна за луѓето. Тогаш во суштина почнав да се запрашувам, зошто луѓето не играат на оваа музика, зошто тоа се случува? И токму во тој период се запознав со моето бившо момче и решивме да превземе нешто околу реге сцената во Северна Германија. Првиот пат настапивме пред околу 650 луѓе, и видовме дека не прифатија многу добро и оттогаш забавите станаа се почести. Настапувавме редовно се додека не се разделивме, и јас го задржав името „Сани Фрајдеј“ а тој ја зема опремата , па си купив нова и продолжив да одам на турнеи и настапи. Сега се преселив во источниот дел на Германија бидејќи сакав да продолжам со студирањето. 
 
2. Кои се твоите впечатоци за Македонија и како си помина вечерва?
Па само што завршив со мојот настап и луѓето играа, и затоа сум пресреќна. Расположението беше навистина добро. Иако на почетокот морам да кажам дека само девојките беа храбри да играат додека момците срамежливо стоеја од страна, но потоа , мислам дека успеав да допрам и до нив и така забавата беше одлична. Затоа сум многу тажна што морав да завршам сега, вообичаено моите сесии траат многу долго, а и јас влегувам во одредено расположение и едноставно заборавам на се околу себе и не сакам да престанам да пуштам музика. Си имам едно движење во главата и колку понекогаш да ми е напорно или тешко да пуштам музика, или сакам да го поминам тоа време со пријателите на забава, се потсетувам себеси дека има луѓе кои очекуваат да ме чујат и уште ако успеам да ги развеселам со музиката тогаш јас се чувствувам исполнето. Гледам никогаш да не ја разочарам публиката, таа е најважна за мене.
 
3. Кога да те очекуваме повторно во Македонија и да ја чуеме Мика сама со цело-вечерна сесија?
 Прво би сакала да кажам дека сум многу благодарна на организаторите што ми овозможија да ја посетам оваа земја. И после 24 часа пат со автомобил, можам да кажам дека вредеше. Ги сакам луѓето кои живеат овде, многу ме направија среќна и затоа би сакала што поскоро да се вратам. Не би сакала да кажам точно кога, но би рекла околу декември оваа година, или барем се надевам дека ќе биде така. Затоа што сакам да им овозможам на луѓето овде цело-вечерна сесија со мене и музиката која ја правам, а со тоа и добра журка.
 
4. Што би сакала да им порачаш на нашите читатели?
Навистина би сакала да се видиме повторно, многу сум среќна што ви ги пренесов карипските звуци и веселата музика. Се надевам дека ќе бидете среќни и во добро расположение како оваа вечер, уживајте во градот Скопје кој е многу интересен и забавен за шетање. Останете релаксирани и весели, такви какви што сте и слушајте ги карипските звуци и добрите вибрации. 
 
Да ја чуеме Мика и дел од нејзините два/три настапи на„Биг Ап фестивал“ - Скопје !!!
 
 


Повеќе содржини од денеска - ТУКА!

Не лекториран текст.
 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Наша препорака

Хороскоп забава Фејсбук статуси Фото на денот Виц на денот Видео на денот

Фоторепортажа

Видеопотсетник